САД подготвуваат нова воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари
САД подготвуваат пакет од дополнителна воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари, соопштија синоќа од Стејт департментот. Износот е речиси половина од преостанатите 2,21 милијарда долари во рамките на Иницијативата за помош за безбедност на Украина (УСАИ).
Средствата од УСАИ ќе бидат насочени кон набавка на муниција за високомобилните артилериски ракетни системи (HIMARS) произведени од Lockheed Martin, како и за беспилотни летала.
Администрацијата на Бајден често ги користеше претседателските овластувања за вонредно повлекување на оружје (ПДА), кои му дозволуваат на претседателот без одобрување од Конгресот вонредно да повлекува оружје од американските резерви.
Средствата од УСАИ се издвоени одделно и ќе се користат за набавка на ново оружје од компании во САД.
Администрацијата на Бајден располага со околу шест милијарди долари кои ги одобри Конгресот, вклучувајќи средства одобрени во 2024 година и средства откриени од Пентагон по преоценувањето на вредноста на испратеното оружје во Украина.
Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, САД доделиле на Украина воена помош вредна повеќе од 62 милијарди долари. Покрај од резервите, голем дел од ова оружје е купено од американски компании кои работат во одбранбениот комплекс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…