Објавено на:

САД признаа: Нема начин да ја исфрлиме Русија од Советот за безбедност ама работиме на нејзина изолација

t

САД во моментов не гледаат начин да и го одземат статусот на Русија на постојана членка на Советот за безбедност на ОН поради конфликтот во Украина, изјави американскиот амбасадор во ОН.

Во интервју за PBS, Линда Томас-Гринфилд рече дека акциите на Русија се „особено непријатни“ со оглед на нејзиниот статус на постојана членка, кој не може лесно да се отповика, и покрај повиците на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Русите имаат постојано седиште и во моментов не гледам дека ќе има промена во тоа, но ќе продолжиме со напорите да ги изолираме“, рече таа.

Претходно Томас Гринфилд ја обвини Русија за злоупотреба на правото на вето и ја поддржа резолуцијата предложена од Лихтенштајн, со која се бара од постојаните членови на Советот за безбедност да ја оправдаат употребата на вето. Резолуцијата беше усвоена на 26 април, но како ќе функционира во пракса останува да видиме. Според резолуцијата, Генералното собрание на ОН мора да се состане во рок од 10 дена доколку една од петте постојани членки на Советот за безбедност стави вето.

Соединетите Држави повеќепати јасно ставија до знаење дека Русија ќе остане постојана членка на Советот за безбедност на ОН. На почетокот на април, секретарот за печат на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека нејзината земја ја дели „фрустрацијата“ на Зеленски поради статусот на Москва, но не гледа начин тоа да се промени.

Нејзините изјави уследија по обраќањето на украинскиот лидер пред Советот за безбедност, кој се состана за да разговара за наводните злосторства во украинскиот град Буча.

Обвинувајќи ја руската армија за воени злосторства, нешто што Москва силно го негираше, Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН или да ја исклучи Москва или да се распушти.

Советот за безбедност, чија примарна одговорност е „да го одржува меѓународниот мир и безбедност“, е единственото тело на ОН овластено да донесува обврзувачки резолуции за земјите-членки.

Нејзините пет постојани членки – Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД – можат да блокираат каква било резолуција.

Правото на вето првпат го искористи Советскиот Сојуз во 1946 година, а оттогаш Москва го искористи 143 пати, што е многу повеќе од другите постојани членки.

Во април, Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на организацијата. Резолуцијата што ја подготвија САД беше усвоена со 93 гласа „за“ и 24 „против“, додека 58 земји беа воздржани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…