САД прогласија четири групи во Европа за терористички, едната е од Грција
Американскиот Стејт департмент денес означи четири европски ограноци на групата Антифа како странски терористички организации.
Според веб-страницата на Стејт департментот, станува збор за организацијата Антифа Ост во Германија, како и три други групи во Италија и Грција.
Одлуката за карактеризирање на овие групи како терористички организации ја поддржува иницијативата на претседателот Доналд Трамп насочена кон демонтирање на самопрогласените антифашистички мрежи и организации кои користат политичко насилство и терористички акти за да ги загрозат демократските институции, уставните права и основните слободи.
Групите поврзани со ова движење се придржуваат до револуционерни анархистички или марксистички идеологии, вклучувајќи антиамериканизам, антикапитализам и антихристијанство, кои ги користат за поттикнување насилство и оправдување на насилни напади дома и во странство, се вели во соопштението.
Се додава дека САД ќе продолжат да ги користат сите расположливи средства за да ја заштитат својата национална безбедност и да го попречат финансирањето на тероризмот, вклучително и таргетирање на други групи Антифа низ целиот свет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД прогласија четири групи во Европа за…
Американскиот Стејт департмент денес означи четири европски…
Тензија во Русија: САД би можеле да…
Постои можност САД да спроведат целосни нуклеарни…
Лавров: Сe уште сме подготвени да одржиме…
Москва се уште е подготвена за руско-американскиот…
Блумберг: САД размислуваат да изградат воена база…
Американската војска ја разгледува можноста за изградба…
Орбан: Средбата Трамп-Путин е одложена, но не…
Русија и САД се способни да постигнат…