Објавено на:

САД се подготвени да го олеснат дијалогот меѓу Македонија и Бугарија: Ги поздравуваат напорите на Франција

t

САД ги поздравуваат напорите на Франција да постигне успешно решение и остануваат подготвени да играат конструктивна улога во олеснување на компромисот, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот, на прашањето како го коментираат предлогот на Франција за тргање на бугарското вето, кој предвидува билатералниот спор да се внесе во преговарачката рамка за ЕУ, спротивно на повиците на САД спорот да се решава билатерално.

„Со оглед на значењето на овој процес за земјите од регионот и за Европа пошироко, се надеваме дека дипломатските напори ќе продолжат, и ќе продолжиме да ја нудиме нашата поддршка онаму каде што е од помош. Ја поздравуваме Франција за нејзините напори да постигне успешно решение за што побрзо започнување на официјалните преговори. Преговорите се` уште се во тек, а ние остануваме подготвени да играме конструктивна улога во олеснувањето на компромисoт“, изјави портпаролот.

Во изјавата се вели дека Македонија и Албанија ги поставиле темелите и оти сега е време да се придвижат напред кон следната фаза во процесот на пристапување.

„САД се силен поддржувач на интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ. Ние веруваме дека иднината на Западен Балкан е целосно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет во целиот регион“, стои во изјавата, во која се наведува и дека САД ги земаат предвид „многуте изјави на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Македонија и Албанија во ЕУ за зајакнување на безбедноста на Европа, како и за нашата колективна безбедност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…

Република Македонија мора да покаже политичка волја…

МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…

Собранието денеска ги усвои измените на Законот…

Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…

Привремената косовска влада објави дека изборот на…

Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина…

Не знам дали Северна Македонија навистина сака…