САД ја повикаа Кина да прекине со „опасните активности“
Властите на Соединетите Американски Држави го повикаа Пекинг да прекине со „провокативната и опасна“ акција во водите на Јужното Кинеско Море, откако неодамна беше избегнат судир меѓу брод на кинеската крајбрежна стража и филипински брод.
„Го повикуваме Пекинг да се откаже од својата провокативна и опасна акција“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, додавајќи дека САД ги поддржуваат Филипините.
Милер потсети дека САД, како дел од Договорот за заемна одбрана од 1951 година, ќе ги бранат Филипините во случај на вооружен напад во Пацификот, каде што се наоѓа Јужното Кинеско Море.
Пекинг смета дека целото Јужно Кинеско Море е дел од кинеската територија, но делови од тоа море припаѓаат и на Виетнам, Филипини, Тајван, Малезија и Брунеи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ е убеден дека САД ќе воведат…
САД ќе воведат санкции за српската компанија…
САД планира да му продаде на Израел…
Администрацијата на Бајден неофицијално го информираше американскиот…
Од десетте највредни компании во светот, девет…
На листата на Топ 100 највредни компании…
Мицкоски ќе оди во Вашингтон во време…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на 18…
Трамп: САД се катастрофа, „смешен случај“ во…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја…