Објавено на:

„Сака да влезе во првата лига во која не припаѓа“ Исмеан обид на Зеленски да се сретне со Путин

t

Рускиот сенатор Алексеј Пушков го исмеа обидот на украинскиот претседател Владимир Зеленски да се сретне со претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Џозеф Бајден во трилатерален формат.
„Зеленски се обидува да влезе во првата лига во која не припаѓа. Никому не му требаат такви преговори освен него – и тоа не е доволно“, напиша Пушков на Телеграма.

Тој додаде дека оваа иницијатива е уште еден неуспешен обид за самопромоција.
Зеленски не сака или не може да разбере дека Украина не е посебен независен субјект на западната политика, туку нејзин додаток“, коментира рускиот сенатор.

Како што соопшти претходно шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андреј Јермак, претседателот на Украина Владимир Зеленски му предложил на американскиот лидер Џозеф Бајден да организира трилатерална виртуелна средба со рускиот претседател Владимир Путин. Сепак, од Кремљ велат дека не добиле предлог за средба од Вашингтон.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки вчера на брифинг со новинарите изјави дека засега нема што да каже за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…