Салиу: Благодарам за безрезервната поддршка, вистината ќе излезе на виделина – Продолжуваме со бескомпромисна работа!
Продолжуваме со бескомпромиска борба, порача на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу откако вчера беше уапсен од страна на ЕБР на фудбалски натпревар.
– Ви благодарам на сите за безрезервната поддршка што ми ја дадовте во врска со случајот на моето апсење од специјалните единици. Уште еднаш ве уверувам дека шпекулациите на МВР за наводен напад на полицаец од моја страна се целосно невистинити. Во наредните денови очекуваме да излезе целосната вистина за случајот.
Ги повикувам и сите медиуми и колеги новинари да не ги земаат здраво за готово сите информации кои кружат во јавноста, туку истите да ги проверат пред да ги објават.
Заедно ќе го надминеме и овој предизвик.
Продолжуваме со бескомпромисна работа! – напиша Салиу на Фејсбук.

По ослободувањето од станица, доцна вечерта Салиу даде изјава за медиумите.
Детали за случајот прочитајте во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…