(Видео) Салиу: Слободниот збор не им го даваме, не сакам да помислам дека ова е нарачка од ДПМНЕ!

t

Видовте што се случи, среќа ја работам оваа професија и поради поддршката од вас, од новинарите овде бев ослободен но во некоја различна ситуација немаше да бидам ослободен и веројатно ќе побараа притвор за мене, мора да кажам дека без ниту еден доказ!

Они ме теретат дека сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа, јас од утре не ме гледате на екран, не ме гледате нигде, ќе се извинам и ќе се тргнам. Нека докажат дека јас сум чепнал еден полицаец! Имаше таму полицајци коишто снимаа, имаше камери од страна, нека докажат дека јас сум удрил полицаец!

Но тоа што се случи потоа, откако ме уапсија, мојата кола е проверена, јас не сум бил присутен. Сега сум информиран дека мојот пиштол е најден во багажникот, расклопен, законски така како што треба, пиштол за којшто поседувам дозвола, но информиран сум сега, нели тоа би требало да е во мое присуство.

Јас знам дека тоа е направено во обид да се избришат снимките во телефонот на моите камермани од кои побарав да снимаат, затоа што нели имаше насилство врз мене. Избришани се и снимки, сега ме информираа дека некои снимки се избришани, ама се надевам дека ќе ги вратиме и целата вистина ќе излезе на виделина.

Меѓутоа, ова е една грда фотографија на полицијата којашто ја гледавме со години. Мислевме дека се нормализираше, но еве, пак истите фотографии.

Ме уапси Единицата чијшто началник на полувреме побара од мене да ги смирам двете страни и тоа го има на камера во МВР, затоа што тие снимаа. Беше на работ на инцидент, тој побара од мене да влезам меѓу двете страни да ги смирам, затоа што сум работел на теми и во Коњари и во Арачиново и сите ме знаат и ги смирив.

Откако излезе од контрола, тоа е веќе проблем на МВР. Јас не правам планови за вакви настани. Тоа што малку полицајци имаше и многу публика, тоа треба некој друг да одговара. Тоа што се дозволи да се тепаат пред полиција граѓани меѓу себе, тоа треба да одговори некој друг. Јас не сум крив.

Целиот настан почна кога еден млад дечко којшто седеше до нас цело време на страна и воопшто не учествуваше во тепачката почнаа да го тепаат/ Го фатија, го ставија под кола за да не се гледа и почнаа да го тепаат. Го извадив телефонот за да го документирам тоа затоа што дечкото стварно ништо не направи. Ми го зема телефонот, ме уапсија мене, сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, ве молам докажете! Докажете дека сум нападнал полицаец – вели Салиу.

На прашањето на Инфомакс дали смета дека ова се случува поради последните документи објавени во врска со ВМРО-ДПМНЕ, Салиу одговори:

– Се дерам се слуша во видеото, „бегај, новинар сум, снимам“! Што треба да направам јас? А 90% од тие полицајци таму ме знаат, само пред два дена заедно трчавме по планини бркавме криминалец.

Јас навистина, не ни сакам да помислам дека тоа се случува во моментов, дека се обидуваат да ме замолчат, но ако ги погледнете фактите, јас се уште не сум дал изјава овде. Не сум ја завршил изјавата , министерот пишува статуси на Фејсбук.

Јас сум навикант на ова ама нека докажат, еве ќе влеземе во процес на докажување и да видиме дали јас сум нападнал полицаец и како е отворено моето возило без мое присуство, приватно возило. И како сите портали пишуваат дека е пронајден пиштол кај Фуркан Салиу, а не објаснуваат како е пронајден тој пиштол и дали има дозвола или нема?

Многу граѓани јас знам, вклучително и политичари кои имаат дозвола за поседување на оружје и се знае тој како се чува. Го извадив јас тој пиштол за да убијам таму некого? Расклопен е ќе видите, нема што да лажам јас.

Јас не сакам да ги обвинам полицајците за ништо, лоша координација, лош план за справување на утакмица со висок ризик којашто јас како новинар знаев дека ќе има нереди. Затоа отидовме таму ние да присуствуваме. Лошо менаџирање на целата ситуација и ги разбирам и полицајците и специјалната единица затоа што беа во тотален хаос, не знаеја кого да бранат кого да нападнат. Имаше случај кога полицаец вика „Сакате да се тепате? Епа тепајте се“.

Јас не сум одговорен за организирање на акции во МВР, вели Салиу кој покажа дека е повреден при приведувањето.

– И да ме уапсат, потребно ли беше да ме удираат? Или начекаа?! – вели Салиу кој коментира зошто ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои не го осудија апсењето на новинар.

– Пред некој ден на нивен митинг беше нападнат пица-доставувач. Видовте ли некој да го осуди тоа? Навикнати се така да владеат, ќе им ја дадеме целата власт ама слободниот збор не им го даваме! – изјави Салиу по што следуваше аплауз од колегите и присутните пред полициската станица во Автокоманда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фуркан со брза математика: Присутни се 100-тини…

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу сподели…