Објавено на:

Сали Бериша останува „персона нон грата“ во Велика Британија

t

Поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша останува непожелен за Велика Британија, откако не му е прифатена жалбата од страна на апелација на „Специјалната комисија за жалби за имиграција“ во Лондон.

„Адвокатите на Бериша се обидоа, но не успеаја да го поништат британското досие преку кое Министерството за внатрешни работи го прогласи за „нон грата“ на 19 јули 2022 година. Според Британците, поранешниот премиер бил вмешан во корупција, се мешал во работите на правдата и имал поврзаност со организиран криминал, објави Ора њуз, повикувајќи се на Ројтерс.

Британската агенција ја објавила одлуката донесена денеска во „Специјалната комисија за жалби за имиграција“, каде судијата во случајот го отфрлил тврдењето на Бериша дека „ужива имунитет и не може да биде казнет на ваков начин“.

-Сметаме дека е несоодветно да се примени формулата за имунитет како поранешен шеф на државата наведено во оваа жалба. Поради оваа причина и другите наведени на затворената седница, приговорот на господинот Бериша за забрана за влез во Велика Британија се отфрла, стои во одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…

Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…

Ѓоковиќ воодушевен од односот на албанските и…

Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи за натпреварот…