Сали на средба со еврокомесарката Марта Кос: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните

t

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари билатерална средба со европската комесарка за проширување, Марта Кос, во рамки на работната посета на Брисел.

Во фокусот на средбата беа европската перспектива на Македонија, најновите случувања во политиката на проширување на Европската Унија, спроведувањето на Реформската агенда и можностите за забрзана и постепена интеграција во европските политики и програми.

Министерот Сали го поздрави Соопштението на Европската комисија „Preparing for a Wider Union“, нагласувајќи ја важноста на попредвидлив процес на проширување, заснован на заслуги и мерливи резултати.

„Европската интеграција не треба да остане само политичка перспектива. Таа треба да се преточи во реални можности за нашите граѓани, економијата и бизнисите. Реформите што ги спроведуваме треба постепено да нè приближуваат кон пазарот, програмите и политиките на Европската Унија“, истакна Сали.

На средбата се разговараше и за спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда. Министерот ја потврди посветеноста на Северна Македонија на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, дигитализацијата, енергетиката и економската конкурентност.

Посебно внимание беше посветено на конкретните придобивки од постепената интеграција, вклучително и учеството во Единствената област за плаќања во евра (SEPA), можноста за проширување на моделот „Roam Like at Home“ и соработката во областа на дигиталната трансформација.

Министерот Сали ја нагласи и важноста на идната Повеќегодишна финансиска рамка 2028–2034, која треба да обезбеди стабилна, предвидлива и резултатски ориентирана поддршка за земјите кандидати.

Во рамки на посетата, еврокомесарката Марта Кос даде и посебно интервју за претставници на медиумите од Северна Македонија, овозможувајќи директна комуникација со јавноста за процесот на проширување и европската перспектива на земјата.

Министерството за европски прашања останува посветено на тесна соработка со европските институции, со цел забрзување на реформите и претворање на процесот на интеграција во конкретни резултати за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…