Само албанско знаме на државна институција во Тетово – ДПМНЕ молчи пред коалициониот партнер

t

До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција (државен инспекторат) истакнато е само албанското знаме, БЕЗ државното знаме.

Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно понижување на државните симболи! – велат од партијата.

Односно, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, децидно предвидува дека при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, освен што ги подгрева меѓуетничките тензии, претставува грубо прекршување на Уставот и на горенаведените закони.

Опасен е молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами, со кој го сочинуваат мнозинството во Советот на општина Тетово. Јавно прашуваме дали ДПМНЕ го толерира анти-македонизмот на Касами заради секретарското место во општината и директорите на јавните претпријатија, кои ги добија ДПМНЕ заради поддршката на Касами?!

Левица алармира дека целото делување на Касами претставува опасен удар кон унитарноста на Републиката, што се надоврзува на неговата изјава дека Македонија ќе стане трета албанска држава!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…

ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…