Само во Македонија: Братучетка на градоначалникот му дава тендер на сватот на градоначалникот
Само во Македонија… Братучетка на градоначалникот му дава тендер на сватот на градоначалникот…
Градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристевски, во два наврати си ги почастил сватовите со два тендери од вкупно 800.000 денари…
Првата набавка е во 2023 година, кога детската градинка „7 Септември“ во Македонски брод склучува договор со Мармес Деликатес во вредност од 300.000 денари. Договорот е склучен од страна на тогашната в.д директорка.
Дополнително, на тендерот имало само една понуда.
Втората набавка е во април годинава и е исто така од градинката „7 Септември“, но во вредност од над 501.000 денари. Она што е интересно, е што договорот е склучен од страна на новата в.д директорка, Гордана Милошеска, која меѓу другото е и братучетка на градоначалникот.
И на овој тендер имало само една добиена понуда, односно „сватовите“ биле единствени понудувачи.
Согласно Законот за спречување на судир на судирот на интереси, роднините по сватовство претставуваат блиски лица.
Државната комисија за спречување на корупција има надлежност да изврши увид во јавните набавки за кои смета дека може да има привилегирање или дискриминација на одредени компании.
Дополнително, согласно законот, градоначалникот требало да ја извести ДКСК во моментот на назначување на неговата братучетка за в.д директор на детската градинка.
Државната комисија за спречување на корупција, како и ОЈО би требало да ги проверат двете јавни набавки, особено затоа што се работи за роднински врски и да тендери за иста компанија каде има само еден понудувач.
Инаку, тендерската документација за двете набавки не е достапна на веб-страницата за јавни набавки, каде неодамна се одлучи да се ограничи транспарентноста при објавувањето на податоците, што остава простор за малверзации при јавните набавки и за вакви ситуации каде сватови и братучеди ќе се частат со народни пари…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само во Македонија: Братучетка на градоначалникот му…
Само во Македонија... Братучетка на градоначалникот му…
Градоначалникот на Неготино апелира жителите на неколку…
Градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов упати…
Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров,…
152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА…
Тома Фила е кандидат за градоначалник на…
Познатиот белградски адвокат со македонско потекло и…
Вие гответе на евтина струја: Фирма со…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…