Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров, Стојковски за недомаќинско трошење на парите на општината

t

152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА АПЕТИТИТЕ НА СТОЈКОСКИ – ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ЛУКСУЗИРА НА СМЕТКА НА ГРАЃАНИТЕ

Со полна уста за тоа како Општина Ѓорче Петров е презадолжена и нема Буџет кој би одговорил на барањата на граѓаните – градоначалникот Александар Стојкоски замина на екскурзија во Словенија/Италија (Нова Горица/Горица) на сметка на граѓаните.

Станува збор за обука која ќе се одржи од 5ти до 9ти ноември, а темата е прекугранична мобилност на работна сила.
Иако од страна на организаторот е планиран организиран превоз, сепак градоначалникот Стојкоски се одлучи на комфор и реши на трошок на Општината да замине со Тесла Модел 3 (возило во приватна сопственост на вработен во Општината, на кому исто така ќе треба да му се исплатат дополнителни надоместоци).

‼️Покрај луксузот и комфорот на кој се одлучи градоначалникот, ќе треба од Буџетот на Општината за ваквата екскурзија да му се исплатат и дневници, како на него, така и на уште двајца негови пријатели вработени во Општина Ѓорче Петров (иако поканата од Организаторот важи само двајца од Општината).
Имено, заедно со градоначалникот, на прошетка платена од граѓаните заминаа и вработени од неговиот кабинет и секторот за урбанизам – целосно неповрзани кадри со тематиката на обуката.

Преку ваквите безобѕирни чекори и статус квото во Општината наспроти промените ветени во предизборието, јасно е дека и Стојкоски на функцијата градоначалник гледа исклучиво од аспект на личен или партиски бенефит, богатење, луксуз.

Останува нејасно зошто Стојкоски го одбил организираниот превоз!?
Колку жителите на Ѓорче Петров ќе треба да платат за друштвото на градоначалникот!?
Дали скапо платените службени, општински возила не се по мерка на градоначалникот Стојкоски!?

ЛИНК од објавата на Левица – Ѓорче Петров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…