Само полнење џебови ве интересира: Арсовска апелира советниците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги злоупотребуваат ранливите категории

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната седница на Советот на Град Скопје уште еднаш истакна дека помошта за субвенционирање на сметките за електрична енергија за социјално-ранливите категори ќе се реализира во јануари доколку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го повлече спорниот амандман кој е поднесен од нивна страна, а кој задира во средства од кои не може да се прераспределат суми за конкретната ставка.

– Затоа што само за полнење џебови ве интересира, треба да бидете доследни пред луѓето тука и пред целата јавност која ја манипулирате со изразите “социјални категории, мајки со деца” итн.

На координацијата на која бевме сите тука присутни ова беше дискутирано, доколку вашата желба беше да им помогнете на тие категории, како што кажавте на таа средба, ќе доставевте примерок од ова коешто вашите градоначалници го спровеле во другите општини за да го видиме и истото да го спроведеме. На истата таа средба исто така ви беше понудено и решение како може да исцрпиме средства за оваа ставка и истата оваа одлука да биде донесена без да има проблеми во задирање во други ставки. Не е проблем, знам каде ви е умот, што мислите кога го кажувате ова и не е проблем секторот на кабинетот на градоначалник да нема ниту еден денар, еве јас ќе ви кажам мојот кабинет нема ниту еден денар да реализира, меѓутоа останатите средства, останатата сума којашто ја побарувате, таму таа ставка е врз основ на скучени договори кои не можат да се расинат, врз основа на ДДВ кои исто така се предвидени, врз основа на чланарините во меѓународните организации и на ЗЕЛС, кои мора да се исплатат и останати средства кои се за нас задолжителни и по закон мораат да се исплатат.

Доколку е целта да правите политички циркуз и за тоа да ги злоупоребувате ранливите категории, тоа сметам дека е некоректно затоа што пред било кој од овие амандмани да се поднесе ви беше понудено решение како ова да го направиме и да го прифатиме како ваша иницијатива.

И сега да се бара од овие советници да му наштетат на буџетот не е коректно, вие ако сте одлучиле да го изгласате, ќе го изгласате и не е проблем и ќе испроблематизирате, ама ви беше понуудена опција и решение. Ви беше кажано дека ова сакаме да го реализираме, од која ставка сакаме да го реалзиираме, на состанокот со сите координатори беше кажано.

Ве замолувам ако е искрена вашата намера, ние го прифаќаме како ваша иницијатива, повлечете го амандманот и ќе го реалзиираме во јануари, доколку не е искрена намерата тука веќе не можеме да влијаеме, истакна Арсовска во одговор на координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…