Санација на оштетени заштитни столбови на улиците во центарот на Скопје
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје кои што ја одржуваат сообраќајната опрема на градските улици и булевари во теков на изминативе денови санираа оштетени заштитни столбови на повеќе локации особено во централното градско подрачје.
Оштетени заштитни столбови беа лоцирани на улицата „Димитрие Чуповски“ на влезот кон плоштад „Македонија”, кај Триумфалната порта, на плоштадот „Филип Втори”, на улицата „Македонија“, како и на голем дел градски сообраќајници.
Заштитните столбови редовно се санираат и се поставуваат нови по налог на Град Скопје поради зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, но и за спречување на непрописно паркирање на возилата.
Бидејќи истите многу често се уништуваат од несовесни граѓани, ЈП „Улици и патишта“ апелира за поголема совесност и да се почитува сообраќајната опрема и сигнализација за да се одржи безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…
Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…
Тепачка кај нотар во Центар за наследство
Две лица се степале во нотарска канцеларија…
„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…
Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…