Објавено на:

Санација на оштетени заштитни столбови на улиците во центарот на Скопје

t

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје кои што ја одржуваат сообраќајната опрема на градските улици и булевари во теков на изминативе денови санираа оштетени заштитни столбови на повеќе локации особено во централното градско  подрачје.

Оштетени заштитни столбови беа лоцирани на улицата „Димитрие Чуповски“ на влезот кон плоштад „Македонија”, кај Триумфалната порта, на плоштадот „Филип Втори”, на улицата „Македонија“, како и на голем дел градски сообраќајници.

Заштитните столбови редовно се санираат и се поставуваат нови по налог на Град Скопје  поради зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, но и за спречување на непрописно паркирање на возилата.

Бидејќи истите многу често се уништуваат од несовесни граѓани, ЈП „Улици и патишта“ апелира за поголема совесност и да се почитува сообраќајната опрема и сигнализација за да се одржи безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец починал додека работел во куќарка за…

Денеска (01.05.2024) во 06.10 часот во СВР…

Нападнат малолетник во Центар

На 05.04.2024 во 23:30 часот во СВР…

Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја…

Денеска во 02.40 часот во СВР Скопје,…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…