Санирани поголеми оштетувања на клучните булевари во Скопје
Од Град Скопје соопштуваат дека во изминатиот период биле санирани неколку улици и булевари.
Ова е Фејсбук статусот на Фрад Скопје:
“Санирање на улиците и нова сообраќајна сигнализација на булеварите
Во текот на вчерашниот ден екипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта извршија санација на крупните оштетувања на коловозите на улицата Димитрија Чуповски и на булеварот Партизански одреди.
На пешачкиот премин на булеварот Александар Македонски, кај бензиска станица Макпетрол, вчера беше поставен семафор, на раскрсницата на булеварот Босна и Херцеговина со улицата Лазар Трповски извршена е подготовка за семафорска инсталација, а на повеќе улици и булевари во општина Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставуваше вертикална сигнализација.
Екипите на ЈП Улици и патишта секојдневно ги детектираат и ги санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, но и вршат замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација којашто ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…