Санкциите кон руската економија најмногу ќе наштетат на македонското земјоделство
Најавата дека Македонија ќе се приклучи кон светските сили со воведување санкции кон Руската Федерација поради случувањата во, и околу, Украина го наметна прашањето што ќе значи тоа за економијата на нашата земја имајќи предвид дека не само што Македонија е мала во споредба со другите западни економии, туку веќе се наоѓа и самата во економска криза? И дали самата ќе може да го преброди периодот додека односите со Русија не се подобрат? Најголеми штети, велат од Македонско – руската стопанска комора, ќе претрпат фирмите кои тргуваат со земјоделски производи и индивидуалните земјоделци.
За можноста од заострување на ситауцијата поврзана со Украина до степен на конфликт и преземање на мерки од страна на многу земји и главно на сите членки на НАТО, оддамна предупредуваа економистите и кај нас, посочувајќи дека можеби не директно, колку индиректно, земјава ќе претпри штети имајќи ја предвид и големата зависност на Европа од руските енергенси.
Тоа што е можеби интересен податок кога се говори за санкции на Македонија кон огромната земја е дека Русија е дури на 20-тото место како трговски партнер на Македонија. Се чини дека Македонија планира да го презема тој чекор повеќе затоа што економски е поврзана со Европската Унија, (покрај тоа што е членка на НАТО) од каде ќе очекува економски последици, но веројатно и финансиска поддршка за загубите.
Пред само неколку денови гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска учествуваше на конференција организирана од белгиската Централна банка. Гувернерката тогаш изнесе податок дека трговијата на Македонија со Русија и со Украина учествува со само 2 процента во вкупната трговска размена на нашата земја.
„Финансиската изложеност е многу мала, додека странските директни инвестиции од овие економии изнесуваат само 0,5% во вкупните и не се присутни во финансискиот сектор. Само 0,1% од дознаките доаѓаат од Русија и Украина. Сепак, можни се и индиректните ефекти. Русија е меѓу најголемите извозници на енергија и метали во светот, додека Украина меѓу најголемите извозници на жито”, оцени тогаш гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Од Народната банка денеска МКД.мк побаравме и попрецизен податок, со оглед дека станува збор за санкции кон Русија, а не и кон Украина, за колкав процент станува збор на трговска размена со Руската Федерација. Одговорот што го добивме е дека трговската размена со Русија изнесува 1,2 проценти од вкупната трговска размена на Македонија.
Од Министерството за економија за МКД.мк велат дека Руската Федерација пред две години била 18-тиот по значење трговски партнер на Македонија, додека минатата година е на 20-тото место на листата значајни партнери на земјава.
Извор: МКД мк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…