Санкции и за Србија доколку не постапи по барањата на ЕУ за Косово
ЕУ подготви санкции против Србија доколку Белград не постапи во согласност со барањата на ЕУ во врска со ситуацијата на северот на Косово, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по средбата со премиерот на Косово, Албин Курти.
По средбата со Курти во Приштина, европскиот пратеник изјави дека моменталната ситуација не е лесна.
Запрашан дали успеал малку да го „омекне“ Курти, Лајчак рече:
„Тој ги изнесе своите ставови, јас ги презентирав моите идеи и предлози, средбата беше долга, но многу важна.
„Тоа не е лесна задача, ниту лесна ситуација. Имав важни средби со претседателот Османи и со премиерот Курти. Долга искрена дискусија. Многу важно. Морам да ги изберам зборовите, има разбирање за потребата да се оди напред по трите точки што ги предложи ЕУ – деескалација, брзи нови избори и враќање на дијалогот за нормализација. Останува да продолжат дискусиите за конкретните чекори што треба да се преземат. Средбата беше долга, но многу важна за подобро да се разберат меѓусебните позиции. Се договоривме да продолжиме“, изјави Лајчак на новинарите.
Запрашан за санкциите против Приштина, Лајчак рече дека не е во негова надлежност да ги коментира тие мерки.
„Јасно е дека ЕУ не е задоволна што е во позиција да претстави мерки“, додаде Лајчак.
Тој рече дека има спремни санкции и против Србија, доколку се знае дека Белград не постапува во согласност со барањата на ЕУ.
„ЕУ јасно стави до знаење дека има подготвени санкции и за Србија, тие ќе се применат доколку се сфати дека Србија не постапува според барањата на ЕУ. Тоа е одлука на земјите членки. Утре ќе бидам во Белград. Моја желба е да нема санкции против Косово и Србија. Мојата желба е да нема санкции и двете страни да дојдат во Брисел и да преговараат како да ги спроведат договорите постигнати во февруари и март“, рече претставникот на ЕУ.
Лајчак претходно се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а разговараше и со командантот на КФОР, генерал Анџело Микеле Ристуччи и со шефот на делегацијата на ЕУ во Приштина, Томаш Суноиог.
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог утре ќе пристигне во Белград, каде треба да се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
За еден месец ова е втора посета на Лајчак на Белград и Приштина, каде што на почетокот на јуни беше заедно со американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…
Руте: НАТО останува на Косово и во…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…
Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…
Република Македонија мора да покаже политичка волја…
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина…
Не знам дали Северна Македонија навистина сака…