Објавено на:

Сведок од Бањска: Пукале во ранетиот Мијаиловиќ од два метри

t

Неименуван наводен сведок на настаните во селото Бањска на северот на Косово на 24 септември за емисијата Хит Твит изјави дека косовските специјалци од непосредна близина го убиле Бојан Мијаиловиќ, кој бил ранет, иако тој повеќе не можел да се движи ниту пак имал оружје.

ТВ Пинк објави аудио снимка од наводен сведок на настаните во Бањска, која беше најавена како „ексклузивна снимка“. Автентичноста на ова видео се уште не е потврдена од институциите на Република Србија.

„На 24 септември случајно се најдов во село Бањска, каде сретнав група наши луѓе во униформи. Им пријдов и прашав дали им треба помош. Не знаев за што се работи, реков дека ја знам оваа област. Додека разговарав со нив, косовската полиција наеднаш почна да пука во нас“, изјави во аудио изјава наводен сведок на настанот од Бањска кога беа убиени еден косовски полицаец и тројца Срби.

Тој додаде дека косовската полиција пука во нив од сите страни и дека не знае што се случува.

„Реков, го знам овој пат, можеш да побегнеш таму“. Почнав да трчам, по мене тргна Бојан Мијаиловиќ. Мислев дека никој нема да излезе жив. Така тие пукаа во се и сешто и јас реков ‘Го знам овој пат, можеш да бегаш таму’. Почнав да трчам. Бојан Мијаиловиќ ме следеше“, вели човекот чиј глас е сменет на аудио снимката.

„Додека трчавме по шумата на патот, бевме бркани од група косовски полицајци кои пукаа по нас без никакво предупредување… Застани, застани… бевме без пиштоли, без ништо и… по неколку метри удрија и него и мене“. Падна на патот, повеќе не можеше да бега“, изјави наводниот сведок и додаде дека косовските полицајци потоа пукале во ранетиот Мијаиловиќ од далечина од два метри.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно денеска најави дека Србија има докази за „бруталното убиство на најмалку еден Србин“ во Бањска на 24 септември и дека тие ќе бидат објавени во рок од 24 часа.

Косовскиот министер за внатрешни работи денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека косовската полиција нема снимка на која се гледа како биле убиени тројца Срби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расчистена кражба после година и пол: Од…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…

ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…

Постапка против осомничен за тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Захарова: Светот е на милиметар од нуклеарна…

Светот е на милиметар од нуклеарна катастрофа…

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…

Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…