Светска банка: Конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до скок на цените на суровините
Ризикот од ширење на војната меѓу Израел и Хамас во регионот на Блискиот Исток може да доведе до уште поголем пораст на цената на нафтата, која за три недели од таа војна се зголеми за шест отсто, и до поскапување на другите суровини, како и на земјоделските производи, соопшти денеска Светската банка.
„Конфликтот на Блискиот Исток го зголемува влијанието на руската инвазија на Украина, која предизвика најголем шок на пазарот на суровини од 1970-тите“, потсети во соопштение главниот економист на Светската банка, Индермит Гил.
„Тие кои одлучуваат за политиката треба да внимаваат. Доколку конфликтот (меѓу Израел и Хамас) се интензивира, светската економија ќе мора да се соочи со двоен енергетски шок“, предупреди тој.
Во случај на ограничено влијание на војната, цената на нафтата може да порасне за три до 13 отсто, на 93-102 долари, во средно опасно сценарио, нафтата би можела да достигне цена во опсег меѓу 109 и 121 долар.
Во најлошото сценарио, нафтата би достигнала цена меѓу 140 и 157 долари, што би било потенцијално повисоко од историскиот максимум од 147,50 долари во 2008 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
МОСАД објави: Убиeн е шефот на военото…
Шефот на военото крило на Хамас, Мохамед…