Светски икони: Џон Ленон – рок поет и пејач кој го смени светот
Светски икони – мода, филм, музика, стил(11.1)
Џон Ленон – рок поет и пеач кој го смени светот(вtор дел)
Мојата улога во општеството… е да се обидам
да го изразам она што сите го чувствуваме
Џон Ленон
Суштината на рок музиката создавана од Ленон се состои во бунт. Бунт против зачмаеното општество во втората половина на 20от век, бунт против расната и социјална нерамноправност, која во тоа време владееше во светот. Ленон пееше за загубата на родителите (‘’Mother’’, ‘’My Mummys Dead’’), зазагубатанаверата (‘’God’’), засвојатаборбапротивцелиотсвет (‘’Isolation’’), покажувајќидекатојпредсе е емотивналичност, но и личностсосвестзареалниотживот.
Композицијата‘’Imagine’’, е една антирелигиозна, антинационалистичка, антикапиталистичка песна, песна за љубовта и живот каков што сите посакуваме и замислуваме. Со влијанието врз генерациите што следуваат, нумерата “Working Class Hero“, спаѓа меѓу најзначајните остварувања не само на Ленон или на Битлси, туку и во рок музиката воопшто. Тоа е револуционерна песна не само сама по себе, туку и како песна – конкретен повик за револуција. Во неа Ленон повикува младите да го следат, бидејќи е време за промени и време за победа над политичкиот естаблишмент. Во оваа композиција уметникот револуционер ја сликаше денешната цивилизација, а таа слика ни најмалку не е позитивна.
Со неа тој постави низа прашања: Како да се опстане во цивилизацијата чија основна цел е да произведе армија медиокритети, без разлика на нивото на образование и на класната припадност, со која управува шака луѓе кои ги држат сите конци на управување во општеството – од финансиските и стопанските, до образовните и воените; Дали воопшто е можно да се стане “херој на работничката класа“ во времето во кое таа класа, практично, и не постои; Како да се извлечиме од талогот и баруштината во која опстојуваме од моментот кога доаѓаме на овој свет, до часот кога од него си заминуваме?
Се се тоа прашања кои во оваа композиција ги постави генијалниот Џон Ленон. Од тој аспект гледано и размислувајќи во тој контекст, визионерството на Ленон денес е поочигледно од било кога. Неговите опомени и пораки можеби денес се поактуелни од времето кога ни ги упати. И денес мислиме дека од моментот кога се раѓаме не тераат да се чувствуваме дека сме мали. Не ни даваат време да размислуваме за било што наместо да имаме доволно време за анализирање и разрешување на најбитните животни прашања. Па така, додека болката не стане неиздржлива, најчесто, недоволно ја чувствуваме.
И потоа, после 20 години малтретирање и најразлични притисоци од нас бараат да се посветиме на кариерата. А ние веќе не можеме да функционираме, поточно да се снајдеме во светскиот хаос околу нас, бидејќи и самите сме дезориентирани и изгубени. И тука, е класичниот мамец: Ленон вели дека сеуште има место на врвот, барем така другите не убедуваа. Но најпрвин мораме да научиме да се смееме додека убиваме, секако, доколку навистина сакаме да бидеме како оние на врвот. Мораме да признаеме дека овие стихови беа и останаа пеколни. Засекогаш. Композицијата Ленон ја направи во класичен Дилановски манир, само со гитара, неколку акорди и вокал. Тоа и даде посебна впечатливост и ја направи прикладна за изведување на секое место и во секој момент. Безмалку сите рок критичари и обожаватели на овој музички генијалец, оваа музичка химна ја сметаат за најдобро негово дело, заедно со легендарната ‘’Imagine’’. Да бидеш херој на работниците… до некоја нова, вистинска социјална револуција… тоа е неостварениот сон на Џон Ленон.
И да се потсетиме, на 1 јуни оваа година се навршија педесет и пет години од излегувањето на албумот ‘’Sgt.Pepers Lonely Hearts Club Band“, (‘’Бенд на клубот на осамените срца на наредникот Пепер’’), кој излезе во четврток, на 1 јуни, 1967 година. Овој албум е најдобриот албум на сите времиња, со прекрасна музика, и спакуван со најславна насловна страна во историјата на рокот. Со овој албум започна летото на љубовта во 1967та. Тоа беше време на лето на љубов, хипици и заводлив звук на музика. Во него рок критичарите ги препознаваат деталите на идеолошката војна со која овие уметници се изборија за слободата и граѓанските права. Тоа беше музика со повик за револуција, најпрвин револуција во главата, револуција за промена на самите нас и револуција со возвишена идеја да ја следиме љубовта.
Овој албум не е само тинејџерски албум. Тој е и музичка кантата составена од низа приказни на обичниот човек за неговите егзистенционални проблеми. Албумот е извонреден микс на рок музика и висока уметност. Генијалците Ленон/Макартни направија нешто што никој пред нив не успеа во контекстот рокенрол. Што би рекол шармантниот и духовит рокер Пеца Поповиќ “Џон Ленон и дружината покажаа што се може да се направи со еден албум, и докажаа дека рокенролот не е именка, туку глагол кој подразбира храброст, експериментирање, неочекувани решенија, одважно интегрирање на етно-музичките традиции, комбинирање на електрониката и технолошките достигнувања, обезбедување на слободно изразување и постојано развивање на својот талент“. Со овој албум Џон Ленон и Пол Макартни, кршејќи ги старите, засекогаш ги испишаа новите правила.
(продолжува)
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…