Своч  – идеја за време и кул изглед

t

Бренд концепти(13.)

Своч  – идеја за време и кул изглед

Сите го знаеме брендот Своч. Тоа е бренд, револуционерен швајцарски часовник кој го раздрма светот. Бренд со идеја за време и кул изглед. Првобитно беше замислен како бренд за младите кои сакаа промени, дружење и мода. Ама Своч е бренд кој рескираше. Бренд кој влезе во потполно нова територија. Бренд кој го напушти сегментот на прецизно часовничарство и навлезе во териоторијата на мода, пред се мода за млади. Но, познато е: кој ризикува, тој и добива. Па така, Своч како модерен часовник најпрвин ги освои тинајџерите, а потоа богами и воздасните.

Овој бренд е швајцарски, но како часовник комплетно е поразличен од сите останати часовници произведени во Швајцарија.Денес е познат и успешен бренд на швајцарски часовник креиран на почетокот на осумдесеттите години од дваесеттиот век. Првобитната идеја за тенка кутија од платина била брзо заменета со многу поевтина пластика. Целта била да се направи лесно препознатлив бренд, атрактивен, допадлив и прифатлив, пред сè за младите.

Случајот потврдува дека успехот на некој проект, нова идеја или на нов продукт на компанијата може да зависи и од еден миг на благонаклоно внимание на некој претпоставен кога ги слуша реферирањата на инженерите, стручњаците и креативците.

Кога двајцата млади инженери Елмар Мок и Жак Милер предложиле новитет, нивниот претпоставен ја прогласил иницијативата за бескорисна. Но, кога тие посакале во компанијата да нарачаат машина за пластика, за да им биде одобрена нарачката за час и половина направиле скица на часовник и се појавиле пред нивниот директор Хернст Тонке. Тој ладно го примил нивниот предлог, прокоментирал дека тоа би било трошок и дека таквата машина нема да служи за ништо. Тогаш Елмар Мок му го подал листот со нацртите за нов часовник. Директорот се загледал и извикал: “Еве на што чекам од поодамна!“. Позитивно им одговорил на младите инженери, им дал одврзани раце и рок од една година да го развијат проектот. Така на многу интересен начин отпочнал процесот на создавање на своч. Останатото е историја. Своч-часовниците денес се најпосакувани часовници од младата популација во светот и сите показатели покажуваат дека се најпродавани.

Идејата им се допаднала на сите во компанијата, врвниот менаџмент, но и инвеститорите. Така, Своч добива шанса да стане светски познат бренд.

Денес Своч е познат како бренд кој има повеќе колекции, од оние за најмладите, децата, до оние повозрасните-тинејџерите, а секако и за посериозните јапи-момчиња и девојки. И овој бренд има изградено своја супкултура. Неговите обожувачи се организирани во заедници, имаат свој неделен магазин, специјален телевизиски канал, своч-велосипед, а во последно време и своч-ајфон.

Што е Своч, како најдобро да го опишиме?

Своч е часовник со разнобојна креација, прецизен, изработен од пластика и достапен за сечиј џеб. Оригинален дизајн, весели “бенетон бои“ и секогаш со откачени додатоци кои Своч го прават посебен и единствен. Пластиката е ДНК на Своч. Она што го прави Своч различен од останатите е неговиот идентитет. Поточно начинот на живот.

Своч има единствен културен код, креативен и разнобоен.

Токму овие специфичности го дефинира Своч и го прават да биде тоа што е. Пред неколку годиниСвоч извади нова колекција часовници Colour Сode која потсетува на извонредните Gent часовници. Колекцијата содржи 10 колекции часовници во различни бои. Сите се Gent Originals. Своч сепак е оригинален часовник.

Оригиналноста исто така е ДНК на Своч.

Инаку, иако Своч е швајцарски продукт, тој воопшто не е скап, не “продава“ некое подобро време од конкуренцијата, туку нуди извонреден дизајн, посебност и желба за колекционерство. На тој начин и ги освои тинејџерите од целиот свет, направи продажба од околу 300 милиони парчиња и ги проби и остави зад себе скапите часовници од Швајцарија и не така скапите јапонски часовници. Прв часовник што воведе и интернетско време во кое деновите се поделени во 1 000 видови.

Дефинитивно, бренд со стил.

Млад изглед.

Свежина што зрачи.

Cool  часовник.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Своч  – идеја за време и кул…

Бренд концепти(13.) Своч  - идеја за време…

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…