СВР Штип со полни раце работа: Расчистени 22 кривични дела, приведени три лица
Полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 22 кривични дела „тешка кражба“ од возила, извршени на територија на град Штип во периодот од 25 октомври до ноември годинава.
Како што инфоемират од МВР, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.А.(29), М.Ј.(19) и еден малолетник, тројцата од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.
-Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, а против осум лица кои ги откупувале предметите ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „прикривање“ казниво по член 261 од Кривичниот Законик, се наведува во соопштението од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Херојски е спасен штипскиот пожарникар Александар од…
Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера…
(Видео) Ангелов го посети повредениот командир на…
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов го посети…
Осудените за 27 април Чавков, Ченто и…
Од штипскиот Затвор денеска се пуштени на…
Две активни жариша во штипскиот дел на…
Пожарникарите од рано утрово интервенираат на две…
Штипјани да не излегуваат од дома –…
Штипјани да не излегуваат од дома, а…