СВ. ТАРАХ, ПРОВ И АНДРОНИК: Кога тројцата ги фрлија на ѕверовите, тие не сакаа да им наштетат, туку се умилкуваа околу нив
Денеска е 12 октомври по стар стил и се слават Светите маченици Тарах, Пров и Андроник.
Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија; Пров од Сида Памфилиска, а Андроник – син на угледен граѓанин од Ефес. Мачени беа сите тројца заедно од антипатот Нумериј Максим во времето на царот Диоклецијан.
Во времето на мачењето, Тарах имаше шеесет и пет години. Кога антипатот трипати го праша за името, тој сите трипати одговори: „Христијанин“. Прво ги биеја со стапови, па крвави и ранети ги фрлија во затвор. Потоа повторно ги изведоа на мачење.
Кога антипатот го советуваше Пров да се одрече од Христа, ветувајќи му почести од царот и нудејќи му го своето пријателство, светиот Пров одговори: „Ниту почестите на царот ги сакам ниту твоето пријателство.“
А кога на свети Андроник му се закануваше со уште поголеми маки, младиот Христов маченик му одговори: „Моето тело е пред тебе, прави што сакаш“.
После долготрајни мачења по разни места, овие тројца маченици ги фрлија во театар пред ѕверовите. Пред нив, едни други маченици во истиот театар беа растргнати од ѕверовите. Но, на овие светители ѕверовите не сакаа да им наштетат, туку мечката и лавицата се умилкуваа околу нив.
Кога го видоа тоа, многумина незнабожци поверуваа во Христа и му се развикаа на антипатот. Бесен од лутина, и полут од ѕверовите, антипатот им нареди на војниците, та влегоа и со сабји ги искасапија мачениците на парчиња. Телата им останаа измешани со мртвите тела на останатите осуденици.
И бидејќи беа измешани со другите, а ноќта беше темна и христијаните беа во недоумение како да ги распознаат телата на мачениците, Му се помолија на Бога и одеднаш се појавија три свеќи над телата на тројцата светители. Потоа, ги зедоа и чесно ги погребаа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од Македонија се удавила во Грција
Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Кочанскиот градоначалник Крстевски седна во пицерија-дивоградба и…
Привремениот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, попладнево…
Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…
Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот…
Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…