СДСМ: Антикорупциска да постапи за набавката на „тракторчињата“
Државната антикорупциска комисија треба да постапи во однос на сомнителните јавни набавки со нереални, астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ, велат од СДСМ на денешната прес-конференција пред седиштето на Антикорупциска.
– Аферата на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти до крај.
Ова се договорите за спорните јавни набавки по астрономски суми, неколкупати над реалните цени.
Опшина Битола потрошила речиси 50.000 евра а општина Велес околу 40.000 евра за јавна набавка на машина за бележење хоризонтална сигнализација.
Овие цени се драстично повисоки од реалните цени на пазарот. Исти вакви машини може да се најдат и по 3 и до 5 пати помали.
Многу други општини како Илинден на пример, но и Центар и други набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските цени кои се платени во општините Велес и Битола.
Овие факти се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните и за корупција.
Прашањето е во чии џебови завршила разликата?
Очекуваме антикорупцската комисија да преземе мерки.
Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има, вели портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…