СДСМ бара анкетна комисија за трагедијата во Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во дискотеката „Пулс“. Предлогот следи по протестот во Скопје, каде семејствата на загинатите побараа независна истрага, со цел да излезе вистината на виделина.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика пратениците да ја поддржат иницијативата.
„Оценивме дека овие чекори се неопходни за проверка на постапувањето на институциите, утврдување на политичка одговорност и подготовка на мерки за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат“, вели Филипче.
Димитар Апасиев од Левица, претседател на Постојаната анкетна комисија, најави дека следната недела ќе закаже посебна седница за трагедијата во Кочани. На седницата ќе се разгледува претставката од „Здружението 16-ти Март“, а ќе бидат поканети и претставници на родителите.
Во пожарот на 16 март загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Судењето за трагедијата почнува утре во КПУ Идризово. Обвинителниот акт опфаќа 35 физички лица и три правни субјекти, меѓу кои поранешни министри, градоначалници, директори и инспектори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ бара анкетна комисија за трагедијата во…
Пратениците на СДСМ и Коалицијата ќе поднесат…
Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина…
Секретарот на Советот за национална безбедност и…
Кремљ: Ниту еден руски претставник нема да…
Кремљ објави дека ниту еден руски претставник…
Нетанјаху го поздрави усвојувањето на резолуцијата на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави гласањето…
Словачка: Масовни протести против владата на Фицо
Десетици илјади луѓе демонстрираа против владата на…