СДСМ бара анкетна комисија за трагедијата во Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во дискотеката „Пулс“. Предлогот следи по протестот во Скопје, каде семејствата на загинатите побараа независна истрага, со цел да излезе вистината на виделина.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика пратениците да ја поддржат иницијативата.
„Оценивме дека овие чекори се неопходни за проверка на постапувањето на институциите, утврдување на политичка одговорност и подготовка на мерки за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат“, вели Филипче.
Димитар Апасиев од Левица, претседател на Постојаната анкетна комисија, најави дека следната недела ќе закаже посебна седница за трагедијата во Кочани. На седницата ќе се разгледува претставката од „Здружението 16-ти Март“, а ќе бидат поканети и претставници на родителите.
Во пожарот на 16 март загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Судењето за трагедијата почнува утре во КПУ Идризово. Обвинителниот акт опфаќа 35 физички лица и три правни субјекти, меѓу кои поранешни министри, градоначалници, директори и инспектори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…