СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација
Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација, велат од СДСМ.
„Наблизок соработник на Мицкоски и вицепремиер во неговата Влада е Иван Стоилковиќ, чии отворени проруски ставови и директни врски со Москва се сериозна закана за евроатланската ориентација на земјата.
Пред само неколку дена, вицепремиерот Иван Стоилковиќ присуствуваше на прославата на Денот на Република Српска заедно со групата „Ноќни волци“ познати по поддршката на Путин и ширењето анти-западни наративи.
Уште полошо од ова е што и самиот премиер Мицкоски, и покрај јавните изјави за стратешка соработка со САД и ЕУ интеграција, со своите постапки и блиски врски со Вучиќ и СНС, прави сѐ спротивно, водејќи ја Македонија кон изолација.
Реформите за ЕУ намерно се избегнуваат, намерно се создаваат конфликти со соседите, се измислуваат причини за да се блокираат преговори. Се е смислено сценарио, дел од една анти – ЕУ кампања за власта да продолжи пљачката на државата.
Според најновите истражувања од 2025 година, дури 70% од граѓаните на Северна Македонија поддржуваат пристапување кон ЕУ, а 77% го гледаат членството во НАТО како позитивно.
Ова покажува дека политиката на изолација на Мицкоски оди против волјата на народот, водејќи ја земјата кон економска и политичка маргинализација“, стои во соопштението од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција…
Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон…
СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција…
Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон…
Лукаревска: Нови 20 милиони евра задолжување додека…
Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока.…
АКТ: 51 тендер и 16 милиони евра…
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова…
СДСМ: Само со техничката влада е можен…
Сѐ што СДСМ го посочуваше изминатиот месец…