Лукаревска: Нови 20 милиони евра задолжување додека власта секој ден врти криминални тендери
Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот. Во Собранието Владата поднела Предлог Закон за ново задолжување од 20 милиони евра, за изградба на фискултурни сали ама без информација за износот на каматната стапка, изјави Сања Лукарвска, пратеничка од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ).
Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. Има само за криминални тендери кои вртат секој ден, и тоа со милонски суми за едни исти фирми блиски до власта. Недостасуваат 1 милијарди евра. Огромната дупка очигледно власта ќе ја поплнува со нови и нови долгови кои треба да ги плаќаат иднинте генерации.
Веќе Владата се задолжи една милијарда од Унгарија, 660 милиони на домашниот пазар, само во декември 2025 година владата со државни обврзници се задолжи за 100 милиони евра. Се најавува и кредит од дури 6 милијарди евра. Светската банка веќе проектира дека јавниот долг оваа година ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан.
Оваа Влада ги турка граѓаните во должничко ропство. Ова мора да престане. Пратениците на СДСМ ќе се спротистават на ова и на секое идно задолжување. Власта да го повлече ова задолжување, да ги намали трошоците, да ги снема криминалните тендери и да го намали задолжувањето за да има пари за граѓаните, додаде Лукаревска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…
Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…
Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…