СДСМ: Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните ќе нема за леб
СДСМ уште еднаш реагира на предлог буџетот од страна на власта, велејќи дека со него граѓаните не добиваат ништо.
„Првиот предлог Буџет на владата на Мицкоски е најрасипнички во историјата на Македонија.
Буџетот е тежок 6,5 милијарди, толку планира власта да потроши, но наместо за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, раст и развој на економијата власта ги зголемува трошоците за службени возила и луксуз за 75%.
Парите за купување мебел власта на Мицкоски ги зголеми за 5 пати.
Со Буџетот Владата на Мицкоски предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги а во истиот момент ги кратат капиталните расходи во клучни сектори како образование и здравство.
Власта не се грижи за граѓаните, стоките и услугите се поважни од здравјето на граѓаните, од образованието на младите.
Расипничкото однесување се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%.
Со вакви политики, Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо.
За себе Владата на Мицкоски ќе троши за чоколадо, а за граѓаните сув леб“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Владата ќе троши на чоколадо, а…
СДСМ уште еднаш реагира на предлог буџетот…
СДСМ: Неспособноста на Тошковски далеку се слуша
„Криминалните пресметки во Скопје станаа регионална тема,…
СДСМ бара да се затвори депонијата во…
Институциите под капата на ВМРО-ДПМНЕ не се…
Минчев потврди дека ЗНАМ е безгласна буква…
Министерот за јавна администрација од редовите на…
СДСМ: Човек се онесвестил додека чекал ваучер…
Неспособната ВМРО-ДПМНЕ денеска срамно ги понижи граѓаните…