СДСМ: Владината коалиција функционира беспрекорно кога треба да се скријат аферите 

t

Премиерот Христија Мицкоски во неверојатна изјава за медиумите рече дека владината коалиција функционирала беспрекорно. Тој со тоа потврдува дека сите заеднички афери на коалициските партнери ДПМНЕ и Вреди не придонесуваат да се нарушат односите и тој ќе ги штити оние кои го кршат законот.  – велат во соопштение од опозициската СДСМ.

– Толку беше од неговите гласни ветувања за политичка одговорност, сега беспрекорно ќе се штитат меѓусебно во кршењетона законите, своеволието и криењето на скандалите. 

Мицкоски наместо да биде коректор на лошите политики и однесување на функционерите во неговата коалиција, тој се постави како заштитник и промотор на ваквите политичари. Со оваа изјава, можеме да бидеме сигурни дека одговорност кај ниеден функционер нема да има, ниту кај оние од ВМРО-ДПМНЕ ниту кај коалициските партнери. – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…