СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017

t

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година. – велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници помалку и дека пропаднаа сите планови за пасокизација на СДСМ на која толку многу работеа.

Граѓаните јасно го поразија и неговиот коалициски партнер ЗНАМ, кој требаше да биде тројанскиот коњ за делење на СДСМ. Овој план пропадна и ЗНАМ е на пат на исчезнување.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да пуштаат секојдневни соопштенија за лажно да ги мотивираат своите гласачи, но реалноста е сосема поинаква. СДСМ продолжува со својата кампања во 17 општини. Ги повикуваме граѓаните да излезат масовно на гласање, да ги поддржат нашите чесни и докажани кандидати кои искрено и посветено ќе работат за граѓаните. – посочуваат од опозициската СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ…

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со…

Кузеска: Мицкоски да одговори дали со Британија…

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на…

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот…

Иако ова не е посакуваниот резултат за…

Шукова: Резултатот не е оној што го…

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од…

Историски најниска излезност на локалните избори: За…

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…