СДСМ генерира лажни вести: Остра реакција на Град Скопје за обвинувањата за недостиг на печатарска опрема
Град Скопје реагираше на обвинувањата на СДСМ дека граѓаните останале без документи затоа што гардот останал без 31 принтер. Од градот објаснуваат дека информацијата не е точна, а администрацијата располага со своја печатарска опрема која се користи гдомаќински.
Во продолжение реакцијата на Град Скопје:
Град Скопје остро ги демантира информациите во јавноста со што се потврдува дека се уште произлегуваат лажни вести за манипулација на јавноста.
Град Скопје поседува печатарска опрема во своја сопственост која активно се користи од страна на администрацијата.
Од друга страна постои договор за изнајмено печатење за поголеми количини на материјал за кој поради недомаќинското работење на претходното рaководство во јавната набавка склучена во 2019 година исплаќани се повисоки средства во вредност од 30% од проценета врeдност.
Договорот е спогодбено раскинат од причина што финансиските средства се истрошени пред истекот на рокот на важноста на договорот.
Новата јавна набавка за таков тип на печатење е во завршна фаза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…