СДСМ: Граѓаните се чуствуваат небезбедно заради секојдневните убиства
За неколку месеци државата се претвори во Див Запад, небезбедно место каде сред бел ден се случуваат убиства во центарот на главниот град, велат од СДСМ.
– Од вчера сме познати во регионалните медиуми по ништо друго освен по убиства и ова е состојба која е резултат на неспособноста на МВР и Тошковски.
Веќе 8 убиства или обиди за убиства се случија откако е Тошковски министер а има разрешница само на едно. Ова ги охрабрува насилниците кога знаат дека нема ефективни истраги.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да манипулира и ја префрла вината кај СДСМ, да го смени Тошковски кој потфрли во секој поглед и да ги заузда криминалците и насилниците кои добија сила откако е ВМРО-ДПМНЕ власт. – соопштија од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…