СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството на БЈБ и МВР, кои биле одговорни да го обезбедат настанот, се изземени од истрагата за Кочани?

„Скандалозно е ова што го прави власта. Поминаа два дена од поставените легитимни прашања на СДСМ кон МВР и Јавното обвинителство, а досега одговори нема. Дали актуелните командири, инспектори и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип – кои биле одговорни по закон да го обезбедат настанот – се изземени од истрагата? Дали е точно дека сите седум вработени во МВР кои се приведени, не биле на функции вечерта на трагедијата?“ прашуваат од СДСМ.
Од партијата велат „Како е можно да не се истражуваат лица кои вечерта биле на одговорни позиции со законска должност да постапат – но не го сториле тоа? Зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата? За овие легитимни прашања молчи Јавното обвинителство, молчи МВР, во нивно име одговара ДПМНЕ“.
„Тоа што наместо институциите одговара партијата ДПМНЕ уште повеќе ги подгрева сомнежите за селективна правда и политички манипулации со случајот. Селективната правда не е никаква правда. Граѓаните очекуваат неселективна правда и одговорност од сите! А ДПМНЕ нема што да одговара во името на институциите“ се вели во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…
Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…
Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…
Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…
24 лица се во притвор, 30-тина се…
Истрага за злоупотреби при јавна набавка во…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…
Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…