СДСМ: Дали според Мицкоски Вучиќ е корумпиран?
Дали Мицкоски смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ е корумпиран од страна на „Бехтел и Енка”, САД и Турција – прашуваат од СДСМ во новата епизода реплики со опозицијата на тема – договор за изградба на четири автопатски делници со американско-турскиот конзорциум.
„Христијан Мицкоски води хајка против најголемата инвестиција во инфраструктурата за изградба на коридорите 8 и 10Д, од страна на конзорциум ‘Бехтел – Енка’, кој во соседна Србија гради патишта врз основа на истиот договор како кај нас. Kакво мислење има Мицкоски за вчерашниот настан на Вучиќ при пуштањето во употреба на дел од автопатот во Србија кој што е реализиран од страна на истиот конзорциум ‘Бехтел – Енка’ како и во нашата земја, со истиот специјален закон како и кај нас и со ист договор како и нашиот? Дали смета дека договорот е криминален? Дали, според Мицкоски, Вучиќ згрешил”,реагираат од владејачката партија
Од СДСМ уште прашуваат и дали Мицкоски знае колку часови работат спрските граѓани на автопатиштата во Србија, дали опозицијата во Србија ги блокира законите и дали Мицкоски „за време на неговите чести и интересни патувања во Белград како и средби со Вучиќ, меѓу другите активности во Белград, му ги кажал овие негови ставови и сомнежи”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…