СДСМ: Да не се етикетираат сите вработени на Онкологија
Од владејачката СДСМ велат дека за случајот на Клиниката за онкологија вистинскиот начин е институционално постапување, без сезнационалистичка злоупотреба и без етикетирање на сите доктори и медицински сестри.
-Акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите. За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега за прв пат надлежни институции и Влада предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување, соопштија утрово од СДСМ.
Според владејачката партија наводите и сомневањата врз основа на коишто се постапува се згрозувачки и за секоја осуда.
-Инситуционалното постапување е вистински начин за што поскоро целосно расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани, за целиот опфатен временски период. Без сензационалистички злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри, само професионална и брза институционална разрешница, согласно законите, ќе ја утврди точно одговорноста и сите вмешани, години наназад, ќе ги изнесе пред лицето на правдата, соопшти СДСМ.
-СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ВМРО-ДПМНЕ кои освен злоупотреби ништо друго не знаат, соопшти СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ предлага 12 закони од изборните ветувања…
Пратениците од СДСМ и коалицијата, денеска поднеле…
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
Митески да одговори каде се ветените нови…
Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром…
Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Понижени работници…
За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…