СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате од прв до последен, работата не е завршена!
Социјалдемократите денеска преку соопштение ја информираат јановста, дека ВМРО-ДПМНЕ, паднале ниско што не знаат самите ниту соопштение да напишат, без да препишат од нивното.
„СДСМ објавува соопштение дека Никола Груевски од Будимпешта ги води и им пишува што да кажат, ден потоа ДПМНЕ пуишта соопштение „Заев од Дубаи“ ги пишува текстовите на СДСМ. Вчера СДСМ објави соопштение со наслов „Децата на Орбан“, ВМРО-ДПМНЕ излегува со соопштение „Децата на Заев“, СДСМ објавува соопштение „кога крадецот вели држете го крадецот!“. Томовски се јавува и ги употребува истите зборови „крадецот вели држете го крадецот“, велат од партијата.
Од СДСМ посочуваат дека на сите граѓани одамна на сите им е јасно дека Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“.
„Ама во ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ја разбрале добро улогата на Светите Кирил и Методиј и нивните школи, како ни улогата на Климент Охридски. Тие се поблиски до препишувачката Ресавската школа. Бадијала им е на македонските „Ќаци“ препушувачи, граѓаните знаат и гледаат. Криминалот е на виделина. Сите ќе одговарате од прв до последен. Работата не е завршена“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате од…
Социјалдемократите денеска преку соопштение ја информираат јановста,…
„Без Турција, ќе се удавевме во нелегална…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес, за време…
Пленковиќ: Европа се наоѓа на историска пресвртница,…
Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината…
ДПМНЕ ГО КРИЕ ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА, МАКЕДОНИЈА…
Политичката партија #Левица е длабоко загрижена и…
(Видео) Колку ќе завршат во Македонија?! Само…
Кој има трпение нека го погледне видеото…