(Видео) Колку ќе завршат во Македонија?! Само во последните 12 месеци Велика Британија регистрирала над 45.659 нови ИЛЕГАЛНИ мигранти!

t

Кој има трпение нека го погледне видеото до крај!

Ова не е ситна тема. Ова е прашање за ИДНИНАТА на Македонија.

Дали во нечии изборни ветувања слушнавте „увоз на мигранти“?

Некој бараше мандат за да отвора хабови за туѓи мигрантски политики?

Никој. А денес тоа се случува зад затворени врати.

Британија и Македонија преговараат за воспоставување центри за ИЛЕГАЛНИ мигранти, со модел „плаќање по мигрант“.

Пакетот доаѓа спакуван во фрази како „инвестиции“ и „безбедносна поддршка“, но суштината е јасна: туѓ проблем се префрла кај нас.

Британски министри ова го нарекуваат „нова иновација“, а Македонија „решението“ за справување со мигрантските мрежи.
Но никој не праша дали е ова решение за македонските граѓани?

Што навистина значи тоа?

Мигранти од зони со висок ризик, како Авганистан, ќе бидат испраќани овде.

Нема да бидат задржани ниту ограничени што значи слободно движење низ државата.
Ќе се вклучуваат на пазарот на трудот, особено таму каде има недостиг градежништво, нискоквалификувани сектори итн.

Само во последните 12 месеци Велика Британија регистрирала над 45.659 нови ИЛЕГАЛНИ мигранти.
Сега прашањето е: колку од тие бројки ќе завршуваат во Македонија?

Македонија не смее да стане пункт на туѓи политички експерименти.
Време е за јасни одговори, за транспарентност и за став.

#Macedonia #MigrantDeal #Transparency #Integrity #UK

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…