СДСМ: До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?

„Поминуваат тешки денови од страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа 59 животи, а скоро 200 млади беа повредени. Додека Македонија сè уште тагува, досега истрагата се води селективно.
Јавноста сè уште нема добиено конкретни информации и одговори од надлежните институции: Зошто никој од актуелните функционери кои биле на должност и функција кога се случила страшната трагедија не се опфатени со истрагата? “, прашуваат од СДСМ.
„До каде е истрагата? До каде е најавеното проширување на истрагата со актуелни функционери и службеници?
Молкот на институциите е загрижувачки.
Истрагата мора да одговори за тоа:
Кој е одговорен што се случил пожарот кобната ноќ кој однесе толку жртви?
Кој е одговорен за пропустите на МВР, БЈБ, ДПИ, УЈП непосредно пред и за време на настанот?
Одговори и одговорност наместо селективност.
Обврска на државата е да ја каже вистината, да обезбеди правда за жртвите и нивните семејства и да спречи ваква катастрофа да се повтори.
Секој кој затаил и прекршил закон, мора да одговара. Без разлика на функцијата. Без калкулации. Без селективност, без заштита, буквално секој.“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: До каде е проширувањето на истрагата…
„Поминуваат тешки денови од страшната трагедија во…
Рубио го потврди де факто распуштањето на…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа…
„Кој е следен“ денеска пред Собранието!
Пред Собранието денеска со почеток во 11…
АЛО ЕВН, НОРМАЛНИ ЛИ СТЕ? При најмал…
При најмал дожд има спој од фаза…
Повеќе од 1.000 загинати во земјотресот во…
Бројот на загинати во земјотресот со јачина…