СДСМ: До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?

t

„Поминуваат тешки денови од страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа 59 животи, а скоро 200 млади беа повредени.  Додека Македонија сè уште тагува, досега истрагата се води селективно. 

Јавноста сè уште нема добиено конкретни информации и одговори од надлежните институции:  Зошто никој од актуелните функционери кои биле на должност и функција кога се случила страшната трагедија не се опфатени со истрагата? “, прашуваат од СДСМ.

„До каде е истрагата? До каде е најавеното проширување на истрагата со актуелни функционери и службеници?

Молкот на институциите е загрижувачки. 

Истрагата мора да одговори за тоа: 

Кој е одговорен што се случил пожарот кобната ноќ кој однесе толку жртви?

Кој е одговорен за пропустите на МВР, БЈБ, ДПИ, УЈП непосредно пред и за време на настанот?

Одговори и одговорност наместо селективност.

Обврска на државата е да ја каже вистината, да обезбеди правда за жртвите и нивните семејства и да спречи ваква катастрофа да се повтори.

Секој кој затаил и прекршил закон, мора да одговара. Без разлика на функцијата. Без калкулации. Без селективност, без заштита, буквално секој.“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа…

Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски…

„Да не се повтори Орбан“: ЕУ подготвува…

Европската комисија предлага новите членки на Европската…

Жестоки борби за Црвеното Море: Хутите тврдат…

Хутите тврдат дека и натаму ги контролираат…

Обвинителството бара доживотен затвор за обвинетиот сериски…

Јавното обвинителство побара доживотен затвор за 25-годишниот…

Секое одење на училиште ѝ е ризик…

Секое утро во шест часот, десетгодишната Рафиф…