СДСМ до среда ќе одлучи дали ќе го поддржи Амар од Левица во изборот за градоначалник

t

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите по новинарски прашања истакна дека конечната одлука за тоа како ќе се постави партијата во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг ќе биде донесена во следните денови.

Во контекст на повиците за етичко гласање и поставеноста кон кандидати од други партии, Филипче потенцираше дека одлуката ќе биде резултат на внатрешна анализа, локални околности и политички ставови, а не на етничка припадност.

„Мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите меѓуетнички односи се нешто што мора да останат приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но кај нас тоа нема да биде критериум. Ќе донесеме заклучок најдоцна до среда, кој ќе се темели на карактеристиките на нашите општински организации, расположението на членството и афинитетите на луѓето на терен“, изјави Филипче.

Во однос на евентуална поддршка на кандидати од ДУИ или Левица, тој посочи дека разговорите се во тек и не се водат само за Кичево или Брвеница, туку и за други општини како Скопје, Карпош и Куманово.

„Не се водиме по принципот на етничка разлика. Разговараме со сите политички чинители“, додаде Филипче, нагласувајќи дека ставот ќе биде јасен и усогласен со вредностите што СДСМ ги застапува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ до среда ќе одлучи дали ќе…

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во…

Дали после избори ќе се помести старосната…

Во последно време, прашањето за пензиската реформа…

Драма во Струга: Малолетник избодел 24-годишно момче

Ноќеска, кратко по полноќ, во ОВР Струга…

Врсничко насилство меѓу малолетнички во Чаир

Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје,…

(Фото+видео) Со 600 килограми динамит за 15…

Ладилните кули на нуклеарната централа Гундреминген во…