СДСМ до среда ќе одлучи дали ќе го поддржи Амар од Левица во изборот за градоначалник
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите по новинарски прашања истакна дека конечната одлука за тоа како ќе се постави партијата во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг ќе биде донесена во следните денови.
Во контекст на повиците за етичко гласање и поставеноста кон кандидати од други партии, Филипче потенцираше дека одлуката ќе биде резултат на внатрешна анализа, локални околности и политички ставови, а не на етничка припадност.
„Мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите меѓуетнички односи се нешто што мора да останат приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но кај нас тоа нема да биде критериум. Ќе донесеме заклучок најдоцна до среда, кој ќе се темели на карактеристиките на нашите општински организации, расположението на членството и афинитетите на луѓето на терен“, изјави Филипче.
Во однос на евентуална поддршка на кандидати од ДУИ или Левица, тој посочи дека разговорите се во тек и не се водат само за Кичево или Брвеница, туку и за други општини како Скопје, Карпош и Куманово.
„Не се водиме по принципот на етничка разлика. Разговараме со сите политички чинители“, додаде Филипче, нагласувајќи дека ставот ќе биде јасен и усогласен со вредностите што СДСМ ги застапува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…
Почина легендарниот актер Тим Кари
Актерот Тим Кари, кој почина на 80-годишна…
Ако Моџтаба е мртов, тогаш иранската влада…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Голем пожар во Саранда, во опасност станбени…
Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот…
Приватен остров со Наполеонова тврдина во Венеција…
Приватниот остров Креван, во северниот дел на…