СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна, ниту случајна. Станува збор за опасно сценарио со кое се удира директно врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата. Клучното прашање е: зошто токму сега? – прашуваат од СДСМ.
Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна дебата за една голема и важна тема, за договор за кој граѓаните веќе подолго време слушаат од британските медиуми, а секојдневно читаат за докази во Македонија.
Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми и официјални претставници. Секој ден излегуваат нови информации и докази за оваа тема.
Последно, и сам претставник на Владата, Александар Николовски потврди дека голем инфраструктурен проект е дел од поширок меѓународен договор со Британија.
А граѓаните одамна знаат што значи тоа. Со што е врзан овој Договор со Британија? Што треба Македонија да прими а за возврат да добие 6 милијари евра креди? Сите знаат.
Токму затоа се носат неуставни резолуции. Токму затоа се воведува забрана за говор. Токму затоа се прави обид опозицијата да се замолчи, а јавноста да се држи во страв. Да се забрани дебата за вистината која сите ја знаат. СДСМ заедно со граѓаните ќе се спротивстави на ова опасно сценарио и ќе се избори за правда, демократија и слобода на говор. – додаваат од опозициската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да…
Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ…
Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа…
Ви се обраќам од Брисел, затоа што…
(Видео) СДСМ објави нова бомба: Фирма со…
На денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на…
СДСМ: Граѓаните го видоа предавството на Македонија…
„Граѓаните го видоа предавството на Македонија, овде,…
Ова е новото раководство на СДСМ
СДСМ во текот на вчерашниот ден избра…