СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да изигрува ниту судија, ниту обвинител, ако има некакви сознанија за злоупотреби од било кого, постојат надлежни институции и органи кои во законска процедура треба да постапуваат. Но, клучното прашање е зошто ако знаеле го пуштија Груби слободно да помине граница?’“ прашуваат од СДСМ.
Од опозициската партија соопштија дека „вакви или слични дилови со ДУИ, ДПМНЕ прави цело време. Хашките случаи, т.е. толкувањето на законот којшто заедно го усвоија ДПМНЕ и ДУИ дозволи амнестирање на дела кои се подведуваат под квалитатив Злосторства против човештвото“.
„Со тој дил ДПМНЕ ги предаде жртвите на тортура и нехуман третман кои доминантно беа Македонци. Ништо не го пере ДПМНЕ за тоа што му овозможија на Груби слободно да ја напушти земјата преку граничниот премин Блаце. Границата кон Косово ДПМНЕ ја сведе на решето за слободно поминување на криминалци и терористи“ велат од партијата чиј став е дека министерот Тошковски треба „да понесе одговорност и да поднесе оставка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…
СДСМ: Селектитвност не смее да има, да…
Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски –…
СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката…
Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
Костова: Додека за народот стана луксуз да…
Владата на ДПМНЕ за само девет месеци…