СДСМ: Изградбата на коридорите ќе 8.000 нови работни места и раст на БДП

Со денови ВМРО-ДПМНЕ бараше Договорот за коридорите да се достави во Собранието, а сега од партијата на Христијан Мицкоски со денови молчат и не кажуваат кога и на која собраниска комисија тој Договор да се разгледува. Левица и ВМРО-ДПМНЕ постојано пласираат лажни вести за цената на проектот, како и за законските измени кои се предвидени за негова реализација, изјави денеска Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да го блокира стратешкиот и воедно најголем проект во инфраструктурата.
-Ние како пратеничка група тоа нема да го дозволиме. Ќе ги искористиме сите механизми што се на располагање и преку соодветна законска постапка ќе ги донесеме измените на петте закони кои гарантираат поевтина и побрза изградба на делниците од коридорите. Делниците од коридорите 8 и 10Д ќе се реализираат. Тоа ќе донесе подобро поврзување во државата, но и бројни придобивки за економијата, односно отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст од два отсто годишно на Бруто домашниот производ, рече Николова од седиштето на СДСМ.
Делегацијата на ЕУ во Скопје вчера соопшти дека не го оправдува користењето на европското знаменце на предлог-законите за изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Од таму велат дека означувањето на законите со европско знаме има за цел да помогне да се забрза интеграцијата на Македонија во ЕУ и според тоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ.
Ваквата реакција следува откако првиот вицепремиер Артан Груби обелодени дека Владата на седница усвоила пет предлог-закони кои ќе ги достави до пратениците.
-Одлучивме законите да се предложат со европско знаменце. Ги замолуваме пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата со над 150 милиони евра пари на граѓаните и да не ги загрозуваат националните и стратешки проекти, само заради дневна политичка агенда, рече Груби на прес-конференција во Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…
СДСМ: Селектитвност не смее да има, да…
Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски –…
СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката…
Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија…
Костова: Додека за народот стана луксуз да…
Владата на ДПМНЕ за само девет месеци…
СДСМ: Откако Таравари беше фатен во обид…
Мицкоски и Таравари беа фатени во обид…