„СДСМ и ДУИ се мафија“: Анонимна фирма од Тетово стигнала до тендери од 4 милиони евра
„Кога се разоткриваат криминалите и неспособноста, и ДУИ, како и партнерот СДСМ се обидуваат да се правдаат со напад и виктимизирање“. – Стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме итегрално.
– „Арно ама ова не поминува веќе исто како што не поминуваат и евтините трикови со зелена агенда, етнички теми или европски вредности.
Народот им ја прочита целата матрица на ДУИ и СДСМ, бидејќи додека осиромашуваат Македонците, Албанците, Србите, Турците и сите останати, мафијашите на власт се богатат. ДУИ и СДСМ прават се само да бидат на власт и сложно да крадат.
Јавноста со право се сомнева во чесноста на владеењето на ДУИ и СДСМ, во која сега само администрира пиунот Ковачевски.
Власта на ДУИ и СДСМ треба да објасни како една анонимна компанија која низ годините наназад работела на ситни тендери, одеднаш станува клучен партнер на министерството за образование и наука?
Согласно податоците доставени до Бирото за јавни набавки на 4 февруари, компанијата ХИЛДИН КОМЕРЦ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово е ангажирана на ДВА тендера за градежни активности во вкупна вредност од 225.878.041 денари или 3 милиони 673 илјади евра.
Министер од СДСМ тендерира, министер од ДУИ спроведува. За еден месец скоро 4 милиони евра добила една анонимна компанија. Сложно, нема што.
Поставуваме прашање според кој критериум токму ХИЛДИН КОМЕРЦ од Тетово е избрана за вакви крупни тендери, кои се особено атрактивни дури и за поголеми и пореномирани компании?
Како компанија која до пред некое време реализирала тендери од стотина илјади, доаѓа до тендери тешки милиони? Пишува во соопштението од опозициската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…