СДСМ: Како половина држава остана без струја и се уште нема никој виновен?

t

Се огласија од СДСМ откако поголемиот дел од Македонија беше одреден временски период без електрична енергија во раните утрински часови. Според партијата, се случува распад на системот.

-Додека, Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, раскажува приказни на телевизија, како секторот за енергетика почнал да се развива, откако таа е поставена за министер, во реалноста се случуваат хаварии, прво пред почетокот на викендот во рудникот Суводол, се случи хаварија на јаловинскиот систем, поради лизгање на погонската станица ОТ до одлагачот, при што нултиот јаловински систем ќе биде надвор од употреба најмалку 2 до 3 недели. И за ова замислете нема никаква информација од страна на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ во ЕСМ и РЕК Битола, соопштија од СДСМ.

Од партијата прашуваат како „пола држава остана без струја и се уште нема виновник“.

-Граѓаните после една година, очекуваат конкретни одговори на прашањата поврзани со изградбата на новите енергетски проекти, кои ги најавуваа во својата партиска платформа 1198, меѓутоа не добија никаков одговор, туку распад на системот. До кога министерке ќе се вадите на претходното раководство за вашите неостварени ветувања, ја прашаа од СДСМ, министерката Сања Божиновска.

Пред десетина дена, Божиновска рече дека нема да имаме „блек аут“ како во Шпанија и во Португалија.

-Подготвени сме и се надеваме дека нема нешто такво да се случи. Не сме 100 проценти сигурни, но со 90-отстотна сигурност можам да го тврдам тоа, кажа министерката.

Неодамна во Шпанија и Португалија се случи комплетен „блек аут“, односно колабирање на системот за снабдување со електрична енергија поради намалена потрошувачка на струја за време на празниците кога не работи индустријата. Со цел да се спречи таквата појава и кај нас за велигденските празници, краток период од системот беа исклучени производители на електрична енергија од обновливи извори, претежно од фотоволтаици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…