СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак заедно

t

Додека ВМРО-ДПМНЕ секој можен ден ја труе јавноста со прес конференции на кои наводно го напаѓа ДУИ, зад грбот на граѓаните прави дилови со истата ДУИ. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ функционира, повторно се заедно, велат од СДСМ.

„Во Собранието ВМРО-ДПМНЕ реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ со формирање на тело за следење на правична застапеност на заедниците. Истата таа ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше укинување на балансерот, со реализација на договорот со ДУИ го издгигна на повиско ниво, на ниво на Собранието. Сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието.Насабајле Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички одлуки со ДУИ. Да не станаа сочучесници во планот за дестабилизација? Ќе излезе ли Митева сега да ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што друго е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Едно е јасно, договарањата под маса, манипулациите и лажните јавни конфликти меѓу двете партии се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат, граѓаните ги препознаваат“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак…

Додека ВМРО-ДПМНЕ секој можен ден ја труе…

Ако се случи ова, има надеж за…

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски…

Русија и подари 447 кози на Северна…

Руското надзорно тело за безбедност на земјоделството…

Владата ја укина одлуката за зголемени нотарски…

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја укина одлуката за…

„ПОНУДАТА НА ПУТИН ПОВЕЌЕ НЕ ВАЖИ“: Москва…

Мировните предлози на рускиот претседател Владимир Путин…